Одложено е судското рочиште на кое им се суди на лица што на 27 април влегоа во македонското собрание, со цел, како што велат, да го спречат државниот удар што во парламентот го направија СДС и ДУИ, назначувајќи го Талат Џафери како спикер.
На судењето беа останати осуммина обвинети за учество во толпа: Димче Христовски, Данилчо Василевски, Стојан Павловски, Борис Мутков, Марјан Стојановски, Виктор Настев, Александар Стојчев и Мирче Цветановски. На рочиштето се појавија и повеќе 20 оштетени, главно повредени припадници на собраниското обезбедување и припадници на специјалните полициски сили. Истото е одложено поради отсуство на Ангеле Зафировски, инаку повозрасен човек болен од рак.
Тие се товарат за учество во толпа, дело за кое е предвидена затворска казна од три месеци до три години.
На социјалните мрежи се негодува околу нивното судење. Еден од коментарите е дека патриотите се на суд, предавниците на власт. Стотина поддржувачи утринава во знак на револт се собраа пред Кривичниот суд во Скопје денес.
Фото: МИА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.