Тешко дека до крајот на неделава Талат Џафери ќе закаже собраниска седница за измени на Изборниот законик, иако партиите постигнаа договор локалните избори да се одржат на 15 октомври и од вчера градоначалниците и советниците останаа без мандати и се заканува целосна блокада на локалната самоуправа – пишува Дневник. Повикувајќи се на собраниски извори дневниот весник објави дека седница ќе нема додека парламентарните партии не достават до Џафери предлози за членови на собраниските комисии.
Од друга страна, ситуацијата дополнително се комплицира бидејќи Џафери ќе треба да најде решение како да ја продолжи конститутивната седница која на 27 април ја затвори претседавачот Трајко Вељановски за да се избере комисијата за избори и именувања, која е клучна за изборот на другите собраниски комисии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.