| четврток, 6 декември 2018 |

Грција ќе суди статистичари како национални предавници

ЕУ и ММФ дале помош врз основа на лажни информации за буџетскиот дефицит

Судот во Атина поднесол кривични пријави против тројца функционери одговорни за мерење на долгот на државата со што  го отвори прашањето за валидноста на 172 милијарди од вториот пакет помош кој што Грција го доби од Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд.

Шефот на независната статистичка агенција ЕЛСТАТ Андреас Георгиу и двајца високи функционери се обвинети за поткопување на Националните интереси со свесно прикажување на помал буџетски дефицит во 2009 кој се користи како основа при утврдување на меѓународната финансиска помош за Грција.

 

Тројцата статистички експерти се обвинети за подготвување на лажни изјави и корупција изјави претставник на судот во Атина додавајќи дека доколку се утврди вина кај нив тие би можеле да бидат осудени на казна затвор од 5 до 10 години. Сите тројца се изјаснија за невини пред судот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top