| четврток, 6 декември 2018 |

Силно невреме во Куманово – влажниот бран се движи кон Скопје

Обилни врнежи од дожд и грмотевици  денеска имаше во  Куманово.

Од Центарот за управување со кризи во Куманово велат дека врнежите од дожд не предизвикале сериозни проблеми, но апелираат до граѓаните во случај на штети, истите да ги пријават во надлежните институции. Во некои делови од градот градот имало краток прекин на електричната енергија поради дефектите во електричната мрежа. Според видеата, во липковско Слупчане паѓал град.

УХМР објави дека влажниот бран од Куманово се движи кон Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top