| четврток, 6 декември 2018 |

Европскиот Фил Џексон по рекорден 16. пат ќе учествува на фајналфорот на Евролигата

zeljko-obradovic

Најтрофејниот кошаркарски тренер во Европа, Жељко Обрадовиќ се подготвува за своето 16. учество на завршниот турнир во Евролигата. Тој е рекордер по бројот на настапи на Ф4 натпреварувањето од воведувањето на новиот формат во 1988 година.

Неговата кариера е богата со многу трофеи, а Евролигата ја освоил во осум наврати со четири различни екипи. Во 1992 година славеше со Партизан, во 1994 година со Хувентуд, со Реал Мадрид победи во 1995, 2000, 2002, 2007 и 2009, а последното славје му е она со Панатинаикос во 2011 година.

Оваа сезона, Обрадовиќ и неговиот Фенербахче ќе се судрат со Реал Мадрид во полуфиналето. Турнирот ќе се одржи во Истанбул, па тој и неговите кошаркари ќе имаат можност да испишат историја пред домашната публика.

Полуфиналните натпревари се закажани за 19 мај, додека мечот за трето место и големото финале се на програмата на 21 мај.

zeljko obradovic

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top