| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Изградени се 74 нови и реконструирани се 400 училишта

biljana belicanec

Седумдесет и четири нови училишта се изградени во земјава, а 400 се реконструирани од 2006 година, откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта. За годинава е планирана изградба на четири нови и реконструкција на 26.  Инвестицијата е над 50 милиони евра.

gruevski 2

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска при посетата на ново повеќенаменско игралиште во близина на Подрачното основно училиште „Круме Кепески“ во општина Кисела Вода.

gruevski 3

Тој додаде дека за годинава се планирани изградба на четири нови училишта. Тоа се училиштата ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром, општина Гази Баба, ОУ „Димитар Македонски“ во општина Аеродром и доградба на ОУ „Кирил и Методиј“ во село Фалиште, општина Тетово. Четвриот објект што е планиран да се изгради е во населеното место Визбегово.

gruevski igraliste 2

Груевски појасни дека средствата се обезбедени и оти за три е завршена тендерската постапка и потпишани се договорите. Градбата треба да почне во наредните денови или недели, а за една до две недели треба да се потпише договорот и за четвртото училиште што е планирано за оваа година.

gruevski izjava

Во однос на реконструкцијата на 26-те училишта посочи дека парите се обезбедени во буџетот, тендерските постапки за најголем дел се завршени, а некаде се почнати градежните зафати, но некаде се очекува да почнат во текот на летото.

gruevski

– Она што беше планирано во програмата ќе се исполни – рече Груевски.

igraliste

Реконструкцијата е завршена во  ОУ „Маршал Тито“ во струмичко Муртино,  „Ибрахим Темо“ во Струга и „Кирил и Методиј“ во Велес, а за останатите се очекува да почне во текот на летото за да не се попоречува наставата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top