| четврток, 6 декември 2018 |

„Матурска парада 2017“ в петок на плоштадот „Македонија“

maturska_parada_2013-480x319

­ На плоштадот „Македонија“ в петок на пладне ќе се одржи 11. „Матурска парада“ на која традиционално учениците кои го завршуваат средното образование танцуваат квадрил. Годинава ќе танцуваат и матурантите од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија.

Организаторот на манифестацијата, Дирекцијата за култура и уметност-­Скопје, очекува да се вклучат околу 1.000 матуранти од 16 средни училишта од Скопје и нивните врсници од Струга, Охрид, Струмица и Гевгелија или околу 2.000 ученици.

Moмчињата ќе носат сини, а девојките жолти маички. Покровители на „Матурската парада“ се Град Скопје и Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Никола Глигоров од Дирекцијата за култура и уметност на денешната прес­конференција информира дека македонските матуранти ќе танцуваат на иста музика и во исто време заедно со своите врсници од десетина држави од Централна и Југоисточна Европа.

Официјалниот дел на програмата ќе почне во 11:40 часот со обраќање на претставник од Град Скопје, а потоа матурантите ќе ја кажат заклетвата за ненасилство. Точно на пладне со посредство на Македонското радио ­ Радио Скопје ќе биде преземен сигналот од Радио Словенија од каде доаѓа музиката од Штраусовата опера „Лилјакот“, на која матурантите ќе гo танцуваат квадрилот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top