Биграфијата на францускиот претседател Еануел Макрон открива како реагирале неговите родители кога дознале дека 16-годишниот син е во врска со мажена професорка.
Медиумите главно се интересираат за односот на Макрон и Брижит Трудом, неговата сегашна сопруга, која е од него постара 24 години, а која ја запознал кога имал 15. Приказната дополнително ја зачинува фактот дека таа во тоа време предавала во приватно училиште во северна Фанција.
Авторката на биографијата „Емануел Макрон – Совршеното момче“, Ан Фулда, разговарала со неговите родители за врската на Емануел со мажената професорка и мајка на три деца, која во тоа време имала 39 години.
Родителите на Емануел верувале дека тој е во врска со нејзината ќерка Лоренс сѐ додека семеен пријател не им ја открил вистината, пренесува Индепендент делови од биографијата. Кога дознале што се случува, го испишале од училиште.
„Не можевме да веруваме. Секакод ека не можевме да се сложиме со тоа“, вели неговата мајка Франсис Макрон.
Кога сфатила дека не се работи за фаза, ѝ се јавила на Брижит.
„Ти со го проживеа животот, а тој со тебе нема да може да има деца“, ја предупредила очајната мајка.
Татко му Жан-Мишел Макрон тврди дека „само што не паднал од стол“ кога дознал која му е љубовница на синот.
Шокираните родители ја молеле Брижит да не се гледа со детето додека не стане полнолетно, но таа им одговарала дека „не може ништо да им вети“.
Иако родителите го префрлиле во друго училиште во париз, првата дама на Франција вели дека ја побарал за жена уште кога имал 17 години и ѝ ветил дека ќе се врати по неа.
„Нема да се ослободиш од мене. Ќе се вратам и ќе се земеме“, тврди Брижит дека така ѝ рекол на заминување.
Емануел и Брижит се венчале во 2007 година, кога тој имал 29, а таа 54 години. Макрон стана претседател на Франција на 39 години, точно онолку колку што имала Брижит кога ја почнале врската.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.