Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, со кратки сончеви периоди, но и со повремени локални врнежи, наместа ќе има и појава на грмежи, особено во југоисточните делови каде што на некои места се очекува да наврнат околу 30 литри на квадратен метар воден талог. Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 21 до 26 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и со појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 26 степени.
Од четврток во попладневните часови се очекува повторно стабилизирање и извесно затоплување на времето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.