Градоначалниците на општините во Македонија од утре ќе работат без мандат, информираше денеска по состанокот на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје Коце Трајановски. Тој упати барање до политичките партии во Собранието на Македонија за поскоро донесување на закони за нивно функционирање до следните избори.
– Со оглед на тоа што има различни толкувања од професори или институции за тоа дали градоначалниците можат да продолжат да функционираат или не, ние како ЗЕЛС за да бидеме сигурни и да нема подделеност, бараме од Парламентот што побргу да се состане и да ги донесе измените на законот за избори и законот за локална самоуправа со што ќе се распишат следните локални избори, истакна Трајановски.
Во име на, како што рече, сите загрижени градоначалници, Трајановски го поздрави договорт помеѓу политичките партии за одредување на датумот на локалните избори.
Според Трајановски, секој поминат ден без решение и нанесува голема штета на локалната власт. Потсети дека во овој правен вакум ќе бидат доведени во прашање функционирањето на градинките, основните и средните училишта, културните институции, противпожарната бригада и администрацијата кои зависат од блок дотации.
– Ќе бидат доведени во прашање голем број јавни претпријатија кои добиваат субвенции од општините. Ќе неможат да се добијат градежни дозволи. Доколку имате стан, куќа или друг недвижен имот нема да можете да ги продадете бидејќи треба да се направи проценка во општаните и да се плати данок на промет, а решението на данок на промет го потпишува градоначалникот, рече Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.