| четврток, 6 декември 2018 |

Капитенот Ѓоргиев Јапонија ја смени со Полска

nikola gjorgiev

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓоргиев, го напушта јапонскиот Торај и од следната сезона се сели во Полска. Најдобриот македонски одбојкар ќе го носи дресот на полскиот клуб ОНИКО Варшава.

Ѓоргиев имаше две успешни сезони во тимот на Торај со кој освои и шампионска титула во Јапонија. Преку својот Фејсбук профил, македонскиот одбојкар се прости од јапонскиот клуб и го најави следниот предизвик.

– Јапонија, многу ти благодарам. Прекрасни спомени. Засекогаш ќе останеш во моето срце. Полска, доаѓам! – напиша Ѓоргиев.

Во својата интернационална кариера, Никола Ѓоргиев настапуваше за Раднички Крагуевац, Волеј Форли, Мили Пијанго, Парис Волеј и последниве две сезони за јапонскиот Торај.

nikola gjorgiev

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top