| четврток, 6 декември 2018 |

Производите на турскиот млечен лидер „Суташ“ на полиците во Македонија

Млеко, јогурт, сирење, кисело млеко, ајран и детски овошен јогурт се производите што се произведени во „Суташ“ во Скопје и веќе се достапни во Македонија.

Фабриката „Суташ“ во Скопје („Балканска млекара“), со преработувачки капацитет од 70 милиони литри годишно млеко, почна со производство.

– Во изминатата година ја подготвувавме фабриката во Скопје да започне со производство и инвестиравме 13 милиони евра. Подготвени сме да ги претставиме производите пред потрошувачите. Задоволни сме што нашата 38-годишна експертиза, посветеност и природен вкус ќе ги претставиме во Македонија. Веруваме дека нашите производи ќе бидат примени со позитивни реакции од страна на потрошувачите во Македонија, во земјата со која делиме заедничка култура и наследство. Почнувајќи од денеска, производите на „Суташ“ – млеко, јогурт, сирење, кисело млеко, ајран и детски овошен јогурт – ќе бидат достапни на полиците во маркетите. Во текот на оваа година, наша цел е да го дистрибуираме нашиот природен вкус, да го зголемиме изборот, како во Македонија така и во останатите држави на Балканот – изјави генералниот менаџер на „Балканска млекара“, Али Мушфик Созер.

Mr Sozer

Генералниот менаџер на „Балканска Млекара“, Али Мушфик Созер

Созер објасни дека интегрираниот бизнис-модел на Суташ „Од трева до трпеза“ претставува гаранција за природен и вкусен производ додавајќи:

„Ние инвестираме во единствениот интегриран бизнис-модел на „Суташ“, „Од трева до трпеза“, во целиот регион каде што сакаме да се етаблираме. Имаме намера да го примениме овој модел во Македонија, особено во млечната индустрија, продолжувајќи да инвестираме во едукативни центри, земјоделство, сточарски фарми, фабрика за сточарска храна и во рециклирачки и енергетски погони“.

Врз основа на планираната инвестиција, во „Балканска млекара“  се очекува бројот на вработувања да достигне до 250 лица.

 

За „Суташ“

Основана во 2012 година, „Балканска млекара Македонија“ претставува подружница на „Суташ“. Турскиот бренд претставува лидер во млечната индустрија, кој веќе 7 години е предводник во Турција, рангиран како 67. меѓу  500 индустриски организации во 2012 година.

„Суташ“ во Турција може да се пофали со годишен преработувачки капацитет од 750 милиони литри, со 38-годишна експертиза и посветеност, и со 4.000 вработени во центрите за обука, фармите за истражување, фабриките за сточарска храна, фабриките за млечни производи и рециклирачките и енергетски погони, а сите се дел од изградениот интегриран бизнис модел „Од трева до трпеза“. Овој модел претставува гаранција за квалитетот и природниот вкус на производите, како и огромен извор на индиректни вработени и редовен приход за дистрибуцијата.

Интегрираниот бизнис-модел на Суташ „Од трева до трпеза“ е планирано да се имплементира и во Македонија, да даде значителни резултати во однос на производството, вработеноста и распределбата на приходот врз основа на неговото влијание во сродните индустрии, како што се земјоделство, сточарство, логистички и сродни услуги.

На 24.149  квадратни метри површина, „Балканската млекара Македонија“ има 70 милиони литри преработувачки капацитет. Притоа, се очекува бројот на вработени во „Балканска млекара Македонија“ да достигне до 250 лица врз основа на претстојните инвестиции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top