| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје поведе во финалната серија против Карпош Соколи

mzt skopje

МЗТ Скопје триумфираше со минимални 77-76 во првиот финален дуел против Карпош соколи, како најава за суперинтересната финална серија меѓу овие два градски ривали.

„Металците“ треба да бидат пресреќни по првата победа во финалната серија, бидејќи имаа негатива од девет поени на крајот од третиот период на мечот и се спаасија во последниот напад на Соколи по ударот на Мавра кој беше неуспешен.

Првото полувреме мина во апсолутно израмнета битка во која ниту еден од двата тима не успеа посериозно да се одлепи. Карпош соколи во втората минута поведе со 2-6, за потоа разликата до крајот на стартната четвртина да не биде поголема од тие четири поени, а гостсите да го завршат овој период со минимална предност од 19-21, со реализацијата на Пери на шест секунди до крајот. Ништо поинаква не беше ниту втората четвртина, во која МЗТ за момент имаше и „плус пет“ (34-29), но гостите набрзина се вратија, па на одмор се замина со минимална предност на МЗТ од 41-40. Главен играч во овие 20 минути беше Ѓорѓе Дреновац, кој во првите две четвртини постигна 17 поени.

karpos sokoli

Гостите од Карпош изненадија со одлична партија во третиот период, па по израмнувањето од 45-45 во 23. минута следеше серија на „соколите“ од 5-14. Избраниците на Николиќ дури имаа и напад при 50-59, но Младеновски во вистински момент украде топка, по што Мијатовиќ погоди тројка и ја врати самодовербата во редовите на шампионот.

Во последната четвртина сосема друга слика на паркетот. МЗТ Скопје најпрвин за четири минути стигна до позитива од 64-63, за на две минути до крајот обезбедат и солидна предност од девет разлика (76-67).

Сепак избраниците на тренерот Николиќ не се предадоа и во последниот напад имаа шанси за победа. Резултат на семафорот беше 77-76, кога херојот на Соколи од претходниот напад Мавра кој погоди тројка, се посрамоти и од чиста позиција не успеа да го погоди ниту обрачот на кошот и да избори победа на својот тим.

Дреновац со 26 поени беше најефикасен кај победничкиот тим, Мијатовиќ оствари дабл-дабл од 17 поени и 10 скокови, додека кај Карпош соколо најдобри поединци беа Пери со 21 и Мавра со 18 поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top