Екипата на Ливерпул е на само една победа до пласман во Лигата на шампионите по пауза од две години, откако попладнево момците на Јирген Клоп во Лондон извојуваа убедлива победа над тимот на Вест Хем на Славен Билиќ од 4-0.
До крајот на сезоната „црвените“ треба да одиграат само уште еден натпревар и тоа во рамките од последното коло против веќе отпаднатиот Мидлсброу, па со евентуален триумф, без разлика на исходите од двата меча на Арсенал, Ливерпул ќе обезбеди место во елитата на европскиот фудбал.
Најдобар поединец во денешната победа на Ливерпул со два гола и една астистенција беше повратникот во тимот и најдобриот фудбалер на Клоп, Филипе Кутињо. Бразилецот најпрво асистираше за Стариџ, кој по 11 натпревари успеа да постигне гол, а потоа со два прекрасни погодоци зголеми на убедливи 3-0. Конечните 4-0 го постави белгискиот напаѓач Ориги со гол во 76. минута.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


