| четврток, 6 декември 2018 |

Ротердам на нозе, Феенорд е нов шампион во Холандија (видео)

Екипата на Феенорд стигна до титулата во холандското првенство по цели 18 години, а херој на тимот беше ветеранот Дирк Кајт. Во драматичната завршница на сезоната, фудбалерите на Џовани Ван Бронхорст со само еден бод предност завршија на првата позиција пред Ајакс.

50.000 навивачи се собраа на стадионот „Де Куип“ во Ротердам, а уште неколку илјади ја прославија титулата на улиците. Ова е 15. титула за Феенорд, кој не се радувал на истата од далечната 1999 година.

На крај, тимот од Ротердам заслужено се радува на трофејот, со оглед на фактот дека беше на првата позиција од првото до последното 34. коло.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top