| четврток, 6 декември 2018 |

Среќата тропнала на вистинска врата: Семејството Видановиќ немало за леб, но сега се милионери

vidd

Не се случува така често среќата да тропне на вистинската врата како што е случајот со семејството Видановиќ кое го освоиле првомајското бинго во Србија. Во трошната каллива куќа која, како што ја опишуваат медиумите од Србија, „само што не се срушила“, овие сиромашни татко и ќерка преживувале со години без вода и струја, со пензија од 12.000 динари. За среќа, пред десетина дена дошол крајот на нивните маки.

Таткото Момчило (77) и неговата ќерка Слаѓана (45) ја освоиле главната добивка на 19. коло на бингото на националната лотарија, премија вредна 4,1 милиони динари (околу 33.000 евра).

– Не верував дека сум добитник сѐ додека не проверив во продавницата од каде што го купив ливчето. Таму продавачката ми потврди дека навистина добивката е наша – изјавила Слаѓана Видановиќ.

– Никогаш не се надевав дека ќе имам олку среќа. Играм бинго со години, а таа вечер на татко ми му реков, изгледа добивме два полни реда, на што тој заклучи дека на ливчето се пополнети сите редови. Не верував дека сме добитници сѐ додека продавачката не ми потврди.

Во куќа во која нема вода ниту купатило, овие луѓе се капеле на дворска чешма.

– Едвај составувавме крај со скрај. Не знаеме што е месо на трпезата – искрено изјавил таткото Момчило.

– Со парите ќе си купиме една пристојна куќичка за нормално да живееме –  завршил тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top