Британски Индепендент настапот хрватскиот евровизиски претставник, Жак Хоудек го опиша како еден од најинтересните на Евровозија, напоменувајќи дека пејачот отпеал дуел „сам со себе“, како и дека на големо ги анимирал друштвените мрежи со неговиот настап.
Најмногу внимение на јавноста и превлече фактот што за време на неговиот настап, на огромните видео бимови на сцената цело време се појавуваше никој друг, туку самиот тој, па на многумина им остави впечаток дека има премногу исти ликови на сцената. Хоудек за кратко стана интернет хит и цел на потсмев на социјалните мрежи, но и во странските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.