| четврток, 6 декември 2018 |

Олимпија си го купи македонскиот селектор, Алеш Пипан си замина од МЗТ Скопје

Словенечкиот тим Олимпија од Љубљана ги оствари најавите и го ангажираше македонскиот кошаркарски селектор Алеш Пипан, што значи дека македонскиот првак МЗТ Скопје треба да си бара нов тренер. Раководството на Олимпија најави дека подготвува подобра понуда и повеќе пари за ангажман на Пипан од тоа што го добива во МЗТ Скопје, со најава дека некогашниот нивни кошаркар сигурно се враќа во Љубљана, и тоа се покажа како вистина.

За два часа Пипан треба да се појави на конференција за печат во Љубљана, за да биде и официјално претставен како нов тренер на популарните „змајчеки“. Алеш треба да ја предводи Македонија на Евробаскетот во Словенија во септември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top