
Јувентус се наоѓа пред најголемиот предизвик оваа сезона, а тоа е финалниот натпревар во Лигата на шампионите против Реал Мадрид. „Старата дама“ ќе се надева на подобра среќа оваа година, за разлика од пред две години, кога загуби во Берлин од Барселона.
Тренерот на „бјанконерите“, Макс Алегри најавува сосема различен натпревар против Реал од оној пред две години против Меси и другарите.
– Не мислиме на финалето, бидејќи сме насочени да го освоиме скудетото овој викенд. Сепак, очекувам различен натпревар од натпреварот против Барселона пред две години. Оваа сезона одигравме посигурно и со повеќе самодоверба влегуваме во завршницата. Три или четири дена пред мечот ќе започнеме со официјалните подготовки. Мора да влеземе со мислата дека можеме да ја освоиме Лигата на шампионите – изјави Алегри.
Дуелот во Кардиф би можел да ја реши дилемата за победникот на „Златната топка“ оваа сезона помеѓу Кристијано Роналдо и Џанлуиџи Буфон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


