| четврток, 6 декември 2018 |

Го славиме најголемиот христијански пророк- ова никако не смее да се прави

еремиј

Денеска е Св. пророк Еремиј.

Овој голем пророк се роди 600 години пред Христос, за кого пророкуваше (поточно, пророкуваше за падот на египетските идоли и за доаѓањето на Дева Марија со Синот Исус Христос, во Египет). Почнал да пророкува во својата 15-та година. Во текот на неговиот живот се изменувале неколку јудејски цареви, кои Еремиј преку своите пророштва се трудел да ги насочува кон праведно и правилно управување. Истите пораки им ги упатува и на своите сонародници, кои во тоа време биле длабоко западнати во идолопоклонство. Во врска со тоа го прорекува и првото опустошување на Ерусалим. Скоро потоа Ерусалим бил освоен и разурнат од Вавилонците. По падот на Ерусалим пророкот насила го одвеле, заедно со многуброен народ, во Египет. Таму Еремиј на дотогашните маки ја додава и маченичката смрт. Убиен е со камења од своите сонародници.

Се верува дека Еремиј е заштитник од змии отровници. Затоа обичај е на овој ден да се растеруваат овие влечуги, како не би досадувале преку лето.Според верувањата некој од куќата треба да стане порано да земе тиган и да тропа по него. Додека се слуша тропање и песна, дотогаш змиите не смеат да се приближат.

На овој ден не се работи ништо со игла и конец. Старите веруваат дека на овој ден не треба да се чешла косата, како не би се предизвикувале змиите. Исто така треба да се внимава зад никој да не се влечат одврзани врцви на чевлите или некој конец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top