| четврток, 6 декември 2018 |

Го славиме пророкот Данил – денеска на децата облечете им нешто ново!

danil

Денеска се празнува св. пророк Данил и трите момчиња Ананиј, Азариј и Мисаил. Сите четворица потекнуваа од Јудиното царско племе. По опустошувањето на Ерусалим од страна на вавилонскиот цар Навуходоносор беа одведени во Вавилон, заедно со голем број Евреи.

За животот на пророк Даниил може да се дознае од неговата книга што се наоѓа меѓу книгите на Стариот завет. Тој го прорече времето на доаѓањето на спасителот Христос.

Ананиј, Азариј и Мисаил, пак, имајќи силна вера во Бога, останаа неповредени иако беа фрлени во вжештена печка. Кога вавилонскиот цар го виде ова чудо, ги изведе од печката и им даде големи почести. Според едно предание, сите четворица доживејаа длабока старост и најпосле пострадаа во Вавилон заради верата во едниот Бог.

Во врска со денешниот ден, некогаш се верувало дека овој ден е добар за гатање и прорекување на иднината. Во некои краишта повозрасните луѓе знаат на овој ден навечер да погледаат во небото и да ги побараат ѕвездите. Ако ги има, наредната година ќе биде родна. Ако е облачно и тмурно, не чека сушна 2017 година.

Постои верување дека на празникот на светиот пророк Данил треба на децата да им се облече нешто ново, па макар и чорапи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top