Со јачина од 4,2 степени, на длабочина од само два километри беше земјотресот кој во четири часот и осум минути утрово ги погоди Скопје и околината. Епицентарот бил кај скопското село Мралино, на 13 километри источно од главниот град. Освен паника кај жителите, земјотресот не предизвикал други штети. После главниот удар имаше уште неколку кратки тресења кои беа почувствувани претежно во повисоките катови. Тресењето од првиот бран било почувствувано и во населените места близу Скопје.
Во недела наутро се случи првиот потрес и во септември минатата година, кога Скопје и околината беа погодени од серија земјотреси. Тогаш првиот посилен земјотрес удри околу осум часот, а подоцна истиот ден, околу 15 часот удри најсилниот земјотрес кој беше со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.