Избраниот претседател на Франција, Емануел Макрон, планира либерални економски реформи, но без да посегне сериозно по раскошниот социјален систем.
Со победата на Емануел Макрон на претседателските избори во Франција, преспективата на земјата да ја напушти Европската унија, како што предлагаше неговата соперничка на изборите, Марин Лепен, е сосема исклучена.
Но многумина анлитичари веќе коментираа дека ако Макрон не успее целосно да ги исполни своите еконосмки ветувања во следните пет години, тогаш Националниот фронт може да изврши уште посилни притисоци на следните претседателски избори во 2022 година.
Како поранешен министер за економија под досегашниот француски претседател Франсоа Оланд, економските теми беа голем дел од пораките во неговата кампања. И така, каква е економската политика на Макрон во клучните сектори?
Реформирање на еврозоната
Изборните резултати го кренаа еврото во однос на доларот до врвот во последните шест месеци како реакција на пазарите на победата на проверопскиот кандидат. Марин Лепен водеше кампања Франција да ја напушти еврозоната и предложи референдум на кој француските избирачи би се изјасниле дали земјата да ја напушти ЕУ.
Макрон сака Франција да остане во еврозоната, но таа да се реформира. Во својата предизборна програма тој се изјасни за општ буџет и за министер за финансии на еврозоната.
Освен тоа, Макрон ќе побара од Германија да инвестира и троши повеќе, за да ја поддржи својата економија, а тоа претпорставува ќе им помогне на француските извозници и на производителите во други европски држави.
Всушност, сето тоа може да стане факт само со поддршка од Германија. Решенија по тоа прашање нема да бидат земени во контекст пред парламентарните избори во најголемата економија во еврозоната кон крајот на годинава, така што засега Макрон може да се фокусира само врз внатрешната француска политика.
Помош за бизнисите
Франсоа Оланд на почетокот на својот мандат се обиде да им се додвори на левите елементи во својата социјалистичка партија, и пројави строгост кон компаниите, но под раководството на Макрон како министер за економија курсот беше сменет во последните три години, навестувајќи чекори кои многу посилно беа ориентирани кон бизнисите.
Промената вклучи околу 40 милијарди евра даночни отстапки како обид за стимулирање на економијата – издвојувања кои Макрон планира да ги направи постојани.
Тој исто така вели дека корпоративниот данок ќе биде намален постепено од 33 на 23 проценти.
И новиот данок на богатство, насочен кон богатите, нема да важи за финансиските инвестиции.
<
strong>Справување со невработеноста
Невработеноста во Франција е 10,1 проценти. Околу три милиони луѓе кои сакаат да работат и бараат работа – не можат да најдат.
И покрај тоа што тоа не се најлошите показатели во Европа, невработеноста во Франција е над просекот во регионот и многу поголема отколку, на пример, во Холандија, каде таа е нешто под пет проценти, или во Германија каде е пониска од четири проценти. За споредба, невработеноста во Обединетото Кралство е под пет проценти.
Проблемот е особено сериозен за младите. Скоро секој четврти Французин на возраст под 25 години е без работа.
Макрон вели дека се надева дека ќе ја намали невработеноста, и затоа укина некои од законите за труд, со цел помалку да им отежнува на работодавачите да ангажираат нови работници.
ММФ проценува дека е тешко, значително да биде намалена невработеноста во Франција под 8,5 проценти, без големи реформи.
Еден фактор кој оди во прилог на новозибраниот претседател е дека најсилниот синдикат во приватниот сектор сега е умерената Француска демократска федерација на трудот (ЦФДТ), која има најголемо влијание од повоинствениот Општата федерација на трудот (ЦГТ).
Макрон нема планови да ја укине спорната 35-часовна работна седмица во Франција – правило кое не забранува наметнување на повеќе часови труд, но е праг чие преминување предизвикува вонредна закана. Наместо тоа, тој вели дека ќе им дозволи на фирмите да се договорат со својот персонал за работните часови и за платите.
Можеби има уште еден знак на надеж. Француската економија создава работни места со најбрзо темпо веќе повеќе од една деценија.
Буџетски цели
Европската унија бара од земјите членки нивниот буџетски дефицит да не надминува три проценти од БДП.
Франција не ја постигна таа цел – понекогаш со големи отстапувања – во последните години, откако владата на Оланд се спротивставува на притисокот да воведе строги мерки за економијата.
Макрон рече дека како министер за економија работел на исполнување на таа задача, и потенцира дека тоа ќе стане факт годинава.
Намалување на државниот апарат
Франција е една од земјите со најголем државен сектор во светот. Државните расходи минатата година пораснале на 56,5 проценти од БДП.
Имајќи ги предвид плановите за намалување на корпоративниот данок, кратењето на тие расходи ќе стане уште повеќе неодложна задача.
Макрон очекува да заштеди 60 милијарди евра во следните пет години. Тоа не е нешто многу, на пример неговиот соперник на изборите, Франсоа Фијон, предложи да ги намали расходите за 100 милијарди евра за пет години.
Една конкретна мерка за која знаеме се плановите за кратење на околу 120,000 работни места во државниот сектор. Предвидено е тоа да се случи ако не бидат назначени луѓе на месттата на државните службеници кои се пензионираат.
Макрон всушност сака и да направи социјалната помош да биде достапна за групи кои сега не можат да се кандидираат за таква, вклучително и самовработените, претприемачите и производителите во селските стопанства.
И додека другите европски држави сакаат да ги принудат луѓето да работат подолго пред да добијат право на државна пензија, официјалната возраст за пензионирање во Франција, која е на 62 години, нема да биде променета. Избраниот претседател всушност има планови да направи главен ремонт на системот со цел односот на пензиите да стане потесен, во зависност од персоналните вложувања.
Би-Би-Си – Лондон
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.