| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје објави повик за субвенции за велосипеди

Град Скопје го објави Јавниот повик за субвенционирање за купување велосипеди за 2017 година.

-Град Скопје, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди, ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од денот на објавување на овој јавен повик, се до исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 31.12.2017 година. Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“. Средствата што ќе ги надоместува Град Скопје се во износ од 50% од цената на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари, нето износ, по лице- стои во јавниот повик.

Детали за тоа како да аплицирате за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на градот Скопје може да ги најдете на страницата на Град Скопје .

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top