| четврток, 6 декември 2018 |

Словенецот Дамир Скомина ќе го суди финалето на Лига Европа

damir skomina

Словенечкиот судија Дамир Скомина е делегиран да ја дели правдата во финалето на Лига Европа на 24 мај во Стокхолм во мечот во кој ќе се сретнат Манчестер Јунајтед и Ајакс.

Менаџерот на „црвеноте ѓаволи“ Жозе Мурињо има лоши спомени од овој судија, откако во 2015 година после натпреварот Челзи и Динамо Киев, Скомина го нарече „слаб и наивен“.

Победникот од ова финале ќе се игра за Суперкуп титулата против европскиот првак на 8 август во Скопје и ќе обезбеди директно место во групната фаза на следната Лига на шампиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top