Цели четири децении овој градоначалник ги тероризира девојчињата во градот, но никој не може да му застане на патот. Дури и родителите знаат што прави, но никој не смее да писне, поради страв од одмазда од градоначалникот Хозе Круз.
Како што пренесуваат светските медиуми, во секој телефонска говорница во градот мемориран е мобилниот на градоначалникот, за да можат девојчињата кои немаат пари да го повикаат и да побараат помош.
Круз потоа би се состанал со нив, ги силувал и кога посрамотени ќе тргнат дома им подарувал велосипед.
Меѓутоа и покрај неколкуте полициски истраги, па дури и фотографии на кои е Круз гол во присуство на малолетнички, политичарот останал на слобода, но и на власт.
Во текот на истрагата е откриено дека и сиромашните мајки ги носат своите малолетни деца во прегратката на Круз во замена за пари. Сепак едно на девојче кое било жртва, на крајот одбило да сведочи, зошто преку ноќ нејзиното семејство добило куќа и имот.
Исто така еден од клучните сведоци во истрагата е пронајден мртво, додека останатите веројатно се откажале зошто примиле мито. Медиумите наведуваат дека Круз имал пракса на цел град да им ја исклучи струјата доколку некоја телевизиска станица зборувала за неговиот „случај“.
Мешутоа, сега може да дојде крај на владеењето на Круз. Имено, полицијата на едно девојче и дало статус на заштитен сведок и ја скрила на сигурно до почетокот на ново судење. Девојчето се наоѓа во прифатилиште на непозната локација, а нејзината мајка, која ја подведувала завршила во затвор.
-Неретко во куќата имаше по неколку девојчиња, а ниту една немаше повеќе од 13 години. Градоначалникот ќе ни дадеше слатки, а потоа не носеше една по една во спалната соба. Хоророт продолжуваше, рекло девојчето во полиција.
Тоа истакнува дека Круз често и ги дрогирал за да не му прижаат отпор, како и дека користел вијагра, но никогаш кондо,
Лекарите кои го прегледале девојчето велат дека нејзиното тело е изобличено од злоставување, и дека психичките трауми се неописливи.
Сите кои се вклучени во истрагата се надеваат дека Круз конечно ќе биде уапсен и симнат од власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.