| четврток, 6 декември 2018 |

Сосема заслужено, Алиоски е избран за играч на месецот во Швајцарија

alioski-bazel

Добрите игри на Езѓан Алиоски во дресот на Лугано не останаа незабележани, па така македонскиот репрезентативец сосема заслужено се закити со наградата за најдобар фудбалер во швајцарското првенство за месец април. Станува збор за избор што традиционално го организира најтиражниот швајцарски весник „Блик“, а за Алиоски ова е прво вакво признание кое е најдобар доказ за врвната форма во која Македонецот настапува во оваа квалитетна лига.

Во гласањето за најдобар играч за месец април учествувале над 10.000 лица, а Алиоски освои 31,7% од вкупниот број на гласови. Зад него се нашол дефанзивецот на Барселона, Мануел Аканжи, кој освоил 28,1% од вкупните гласови, како и голгетерот на Грасхоперс, Маноес Дабур.

Лугано токму благодарение на македонскиот интернационалец имаше одлични резултати во месец април, кога оваа екипа направи скок на табелата и се вклучи во битката за излез во фудбалска Европа. Алиоски на петте средби на Лугано минатиот месец постигна пет погодоци, воедно имаше и четири асистенции, така што оваа награда на „Блик“ е апсолутно заслужена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top