| четврток, 6 декември 2018 |

Исламската држава е во финансиска криза

id

-Терористичката група Исламска држава се соочува со сериозен недостиг од средства како резултат на ниските цени на нафтата, воениот притисок и санкциите наложени од меѓународната заедница, па нејзините борци ги напуштаат Ирак и Сирија – изјави претседателот на Комитетпт за санкции против ИД и Ал Каеда и постојан претставник на Казахстан во ОН, Кајрат Умаров, на заседание на Советот за безбедност.

Според него, карактерот на заканата од страна на терористите се менува и тие продолжуваат да бидат предизвик за безбедноста во светот.

– Против ИД се случува постојан воен притисок, што ги натера да вршат серија напади вон зоните на конфликт. Средствата на ИД се намалија и сега таа опстојува во услови на „буџетска криза“ – посочи дипломатот.

Умаров додаде дека ограноците на Ал Каеда продолжуваат со своите терористички активности низ светот и дека во некоја мера таа е и посилна од ИД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top