| четврток, 6 декември 2018 |

Илчо Ѓорѓиоски во друштво на Савичевиќ, Марадона, Кака, Роналдињо

ilco gjorgjioski

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски за момент заборави на работните задачи на Конгресот на ФИФА во Бахреин и одигра партија фудбал со легендите на светскиот фудбал од калибарот на Диего Армандо Марадона, Збигњев Боњек, Кака, Роналдињо, Дејан Савичевиќ и уште дузина планетарни ѕвезди.

На едната страна на теренот се најдоа Претседателите на федерациите и Генералните секретари, а на спротивната, поранешните славни играчи. Одбрано друштво со вистински фудбалски асови, кои секој на свој начин и во различни периоди оставија траен печат во светскиот фудбал.

ilco gjorgjioski 1

Посебно вредна е средбата со првиот човек на полската федерација, Збигњев Боњек, како загревање за настапот на нашата млада селекција на ЕП во Полска. Боњек кој беше голема ѕвезда на полската репрезентација и на Јувентус, е во организацискиот одбор на младинското ЕП. Македонските фудбалски херои ќе имаат историски настап на големо натпреварување, следниот месец, од 16. до 30. јуни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top