Рома е во трка за второто место и овој викенд игра против Јувентус на „Олимпико“, но тоа речиси никој и да не го споменува во Рим. Вистинско лудило се случува за 28 мај, кога Рома на домашен терен во последното коло ќе ја пречека Џенова. Тоа ќе биде последниот меч на Франческо Тоти, принцот на Рим, во дресот на „волчицата“. Тоа е човекот кој целата своја кариера и ја посвети на Рома, тој е легендата која вечно ќе живее во срцата на фановите на овој клуб.
И нормално, сите сакаат да го гледаат во живо неговото простување, а цената на билетите за овој меч на црниот пазар достигна неверојатна сума. Се продаваат за околу 500 евра, а се претпоставува дека можат да одат и двојно повеќе од тоа, како што ќе се ближи датумот за одигрување на натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.