| четврток, 6 декември 2018 |

Бурни реакции – Британците побеснеа поради запросувањето на Јана на Евросонг!

jana

Македонската претставничка на Евровизија Јана Бурческа вчера беше запросена од страна на нејзиното момче Александар и тоа пред милионски аудиториум.

Ова е прво запросување на „Евровизија“ и ги разнежи сите обожаватели и гледачи, но некои го пропуштија овој симпатичен настан, пишува српски „Блиц“. Имено, гледачите од Велика Британија бесно коментираа на „Твитер“ тоа што „Би-Би-Си“ не го пренесувал овој момент.

Така додека сите го пренесуваа моментот кога Јана кажа „Да“, Британците беа принудени да ги гледаат своите коментатори Мел и Скот, поради што британскиот јавен сервис е најде на удар на критики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top