Италијанскиот калчолигаш Милан тргна во шопинг за новата сезона, со оглед дека нема веќе големи амбиции во самиот финиш од Серија А. Раководството на клубот го обезбеди потписот на швајцарскиот интернационалец Рикардо Родригез од бундеслигашот Волфсбург. Одличниот лев бек ќе пристигне на „Сан Сиро“ за сума од 18 милиони евра, а Милан успеа да го придобие пред ПСЖ, Челси и Интер, кои, исто така, беа заинтересирани за овој одличен 24-годишен фудбалер.
Ова ќе биде второто засилување за Милан во летниот преоден рок откако претходно е договорено и доаѓањето на дефанзивецот Матео Мусакио од Вилјареал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим