Сопатник е тешко повреден, а двајца возачи на патнички автомобили се здобиле со полесни повреди во сообраќајка вчера во Скопје. На подрачјето на СВР Скопје во изминатите 24 часа се регистрирани уште 13 несреќи, а во осум од нив полесно се повредени 13 лица. Пет сообраќајки се со последица материјална штета.
Како што информираат од СВР Скопје, во текот на изминатиот ден полицијата открила поголем број прекршоци: 13 возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца поминале на црвено светло на семафорите, 12 управувале возила со истечена сообраќајна дозвола или без возачка дозвола, а 37 за непрописно паркирани возила.
Со помош на специјално возило отстранети се 61 возило заради непрописно паркирање.
Одделението за превенција вчера одржа посебна воспитна мерка сообраќајна поука за учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.
Од СВР Скопје информираат дека продолжуваат и со предавања на тема „Влијанието на алкохолот, дрогата и психотропните супстанци врз безбедноста во патниот сообраќај“ со ученици од IV година во средните училишта на подрачјето на главниот град.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Двајца потешко и тројца полесно повредени во пет сообраќајки во Скопје
-
Едната полесно, другата потешко: Две жени повредени во автобус откако возачот нагло закочил!
-
Ги следи ли проклетство „Ѕвездите на Гранд“: Тројца победници доживеаја страотни сообраќајки
-
Седум сообраќајки вчера во Скопје, пајакот подигнал 72 возила