Околу 2,8 милиони лица биле принудени да ја напуштат конфликтната зона во источна Украина од 2014 година до сега, изјави шефот на руската канцеларија на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина Даврон Мухамадијев.
Повеќе од 1,5 милиони лица се внатрешно раселени, околу 1,2 милиони се преселени во Русија, додека 100.000 бегалци заминале во Белорусија, јави ТАСС.
– Повеќе од 1,5 милион раселени лица од југоисточна Укрина сега престојуваат во централните делови на земјата, наведе Мухамадијев.
Податоците на високиот Комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) покажуваат дека 1,2 милиони лица, од почетокот на кризата во април 104 година заминали во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Украинските морнари признале: Добивме задача, влеговме во руски води и тука чекавме наредби
-
Македонија и Украина ќе ја интензивираат политичката и економската соработка
-
Иванов ги прими акредитивните писма на новите амбасадори на Украина и Индија
-
Путин по стапките на Трамп: Русија почна да гради ѕид со Украина