Бројот на мобилни претплатници во Македонија до септември 2012 година се зголемил за речиси 2 % во споредба со 2011 и околу 4 % повеќе во споредба со вториот квартал од 2012 , се вели во извештај на Агенцијата за електронски комуникации. Пенетрацијата во мобилната телефонија достигнаla ниво од 112 %.
Бројот на при-пејд корисници е 1 милион и 453 илјади, со пост – пејд договори разговараат 581,278 илјади граѓани додека договори за пост – пејд бизнис потпишале 265,182 лица. Корисниците на мобилни телефони генерирале сообраќај во должина од една милијарда минути односно 17, 3 % повеќе од 2011.
Т – Мобиле е водечка компанија во мобилниот бизнис со 49,5 % од пазарот , на второ место е ВИП со 27,2 % додека на трето место се наоѓа Оне со 23, 3 % од вкупниот пазар.
Вкупниот број на фиксни линии минатата година се намалил на 407,896 или за 1,35 % помалку од 2012. Во фиксната телефонија водечка компанија е Македонски Телеком со две третини од пазарот, на второ место е Оне со 15, 4 % , Близу со 8,2 %, Аикол со 4,7 % и Неотел со 3,8 %.
Бројот на корисници на широкопојасен интернет е 320,257 или 11,2 % повеќе од 2011 а бројот на корисници на широкопојасен интернет кои користат 2Г/3Г мрежи пораснал за 15,9 % и ја достигнал бројката од 446,288 што е речиси 20 % повеќе од минатата година.
Бројот на корисници на платена телевизија е 263,953 или 9,2 % повеќе од 2011, од нив корисници на кабелска телевизија се 166,057. 58,385 користат ИПТВ платформа , ДВБТ претплатници се вкупно 37,862 додека 1,649 користат ДТХ/ Сателиска платформа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


