Овогодинешната македонската претставничка на евровозискиот фестивал, Јана Бурческа, за жал немаше среќа да се пласира на финалната вечер на Евровизија. И покрај одличниот настап, нашата пејачка, која вечерва објави дека е трудна, не беше извлечена за настап на финалето во сабота.
Инаку Македонија веќе 20 години се обидува да најде успешна формула за Изборот за песна на Евровизија, но само еднаш успеа да заврши во горната половина во финалето, и тоа во 2006 година кога Елена Ристеска го освои 12. место со „Нинанајна“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.