Спортскиот новинар и коментатор Златко Калински кој заминува во пензија се враќа на коментаторското столче во МТВ, на бис, пишува „Курир“.
Според порталот, директорот на МРТ Марјан Цветковски имал средба со Калински и му понудил неколку опции за крај на неговата долга и успешна кариера.
Цветковски во разговор со Калински му понудил коментирање на финалето од Лигата на шампионите во Кардиф, Супер купот на Европа во Скопје и Светското првенство во атлетика кое летово ќе се одржи во Лондон. Калински без размислување го одбрал Светското првенство во атлетика и очекуваната легендарна трка на 100 метри каде Јусеин Болт ќе се прости од атлетските патеки.
Како што беше контатирано на средбата две легенди заминуваат во пензија.
Синоќа Калински го коментираше полуфиналето од фудбалската ЛШ и во свој стил се прости од гледачите на МТВ на кои им посвети 42 години од својот работен век. Веднаш потоа, по социјалните мрежи почна да кружи петиција со која корисниците на фејсбук побараа Калински да го коментира и финалето на ЛШ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заплака Болт, заплака и Калински – „Ќе се сеќаваме на него како на најголемиот во историјата“ (видео)
-
Селекторот Ангеловски со подарок дрес за доајенот Калински
-
Калински го одработи последниот пренос, легендата оди во пензија (видео)
-
Кога Калински нè насмеа: Дражен Петровиќ се пробива како електричен зајак!