Заминува во пензија. Барем така најави. А сите некако се надеваат дека ќе имаат шанса барем уште еднаш да го слушнат неговиот глас преку ТВ приемникот додека гледаат некој важен спортски меч… Зошто не и фудбалското финале во ЛШ годинава. Нѐ воодушевил, нѐ изнервирал, нѐ насмеал… Златко Калински стана легенда на македонското спортско коментаторство. Несомнено, го одработи своето мајсторки. Но, успеа и да не насмее со неговите киксови…
Да се потсетиме на дел од нив:
– И дождот паѓа и навивачите свират, тоа дава асоцијација на песната „Singing in the rain“.
– Тројка на Галис! Ми делува некако поспано.
– Драги гледачи, на градскиот стадион во Скопје 15, 20, а можеби и 60 илјади гледачи.
– Јужна Кореја – САД. Натпреварот го следат 60014 гледачи.
– Франција полека го гради резултатот (во втора минута од продолжение, при резултат 0:0).
– Неговата одбрана беше феноменална. Па, тоа се граничи со совршен рефлекс.
– Голманот како да ги спушти ролетните на својот гол во овие моменти.
– Видете како се пробива Дражен Петровиќ. Како електричен зајак!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.