Андреа Анчевиќ Аки, венчаниот кум на Раста и Ана, отворено збоува за односот на поранешните пријатели. Освен што се кумови и блиски пријатели, Аки беше и нивни личен возач, обезбедување, но пред неколку месеци без објаснување Ана и Раста ја прекинале соработката со него и му го завртеле грбот во провтниот живот. Оттогаш Аки не престанува во медиумите да изнесува детали од приватниот живот на кумашините.
– Раста го запознав кога излезе спотот за неговата песна „Кавасаки“. Набрзо потоа почнав да работам како негово лично обезбедување и како возач. Тој секогаш сакал да има човек покрај себе, особено навечер, кога излегуваше по клубови, зато сака да провоцира и да се однесува непристојно и лесно може да додје до судир, раскажува Аки и додава дека сосема случајно се окумиле.
– Буквално неколку часа пред матичното Раста ми рече да земам лична карта и да дојдам во општина. Планираше кум да им биде некој од Америка, но тој немал лична карта и така улетав јас. Јас им средував сѐ, дури и поместив нечиеј термин за да влетаат тие, зашто немаше слободни термини во тој период. По венчавката сѐ си функционираше нормално, бевме на турнеја во Хрватска, но откако се вратив од одмор, веќе ништо не е исто. На ниту една порака не ми одговорија, дури ни на честитката за бременоста на Ана.
Аки принзава дека Раста го понижувал и го малтретирал.
– Буквално пет дена ги возев по Хрватска, нема в спиено. Двајцата се неподносливи, бараа во 3 часот, во 4, небитно, да им носам вотка во хотелот, а за тоа добив само 200 евра од нив. Буквално, повеќе пари дава за сканк отколку за луѓето околу него. Тој е во состојба да плати 2800 евра за ноќевање во хотел а јас да спијам во шума за да му ја чувам колата. Тој за мене е мал човек, колку и да има пари, тој е безвреден. За Ана не можам лош збор да кажам. Многу ги почитувам неговите родители, знам дека ја немаа запознаено Ана, а не верувам ни дека се упатени во нивниот однос, раскажува поранешниот телохранител, а за шпекулациите дека родителите на Раста не сакаат да ја видат Ана, вели:
– Не знам. Знам сигурно дека додека работев за нив, се немаа запознаено, ниту таа имаше интерес, ниту тие. Раста е многу чиден човек, тој не смее ништо во очи да ти каже, само од околу, нема храброст да се јави некому, отворено да разговара, само слуша околу, кој што ќе пренесе, им верува на луѓето на кои не треба да им верува. Работев за нив и кога наводно се испотепаа, не можам ништо за тоа да кажам, дали било така или не, но знам дека беа неколку дена во еден хотел додека да се смири ситуацијата.
–Раста не крие дека зема сканк и некои други работи, но Ана не му дозволувашпе да консумира бело или нешто друго, не мислам на сканк, на тоа е навикната, но други работи не смееше да зема пред неа. Кога се всели во нејзиниот стан, буквално ги отстрани сите луѓе кои им беа блиски и кои знаеја многу за нив. Ете, куќната помошничка, која на Ана беше втора мајка, ја избрка со една порака.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.