| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер: ЕУ има потреба од дијалог со Русија на еднакви начела

jun

ЕУ има потреба од отворени канали за дијалог со Москва, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во денеска објавеното интервју за германскиот весник „Ханделсблат“, пренесе ТАСС.

– Толку голема држава како Русија не треба едноставно да биде нарекувана регионална држава, дури и да е ослабена – рече Јункер.

-Неопходни ни се канали за дијалог со Москва – додаде тој.

Тој изјави дека Брисел за неприфатливи ги смета приклучувањето на Крим кон Русија и кризата во источна Украина.

– Ние јасно зборуваме за тоа, но истовремено имаме потреба од однос на почит со Русија, изграден на еднакви начала – изјави Јункер.

Јункер изјави дека воведувањето на смртната казна од страна на Турција ќе значи прекин на преговорите за приклучување кон ЕУ. Враќањето на смртната казна ќе биде „апсолутната црвена линија“. Тоа нема ништо заедничко со европските вредности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top