| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва од 21 часот – да ја бодриме Јана!

Македонската претставничка на годинешната Евровизија, Јана Бурчевска вечерва со песната „Dance alone“ ќе настапи на втората полуфинална вечер што ќе се одржи во Киев, Украина.

Освен Македонија, на втората полуфинална вечер ќе настапат и Австрија, Србија, Малта, Романија, Холандија, Унгарија, Данска, Ирска, Сан Марино, Хрватска, Норвешка, Швајцарија, Белорусија, Бугарија, Литванија, Естонија и Израел.

За пласман во финалето ќе одлучуваат гласовите од публиката, како и гласовите од националните жири-комисии од земјите-учеснички на втората полуфинална вечер и од Германија, Франција и Украина.

Годинава, Македонската радио-телевизија за членови на националното стручно жири ги делегира Александар Масевски, Силвана Мучиќ-Плевнеш, Антонија Гиговска, Марко Марк и Калина Велковска.

Од првата полуфинална вечер што се одржа во вторникот пласман во финалето обезбедија Шведска, Австралија, Белгија, Азербеjџан, Португалија, Грција, Полска, Молдавија, Кипар и Ерменија.

Директниот пренос од втората полуфинална вечер почнува од 21 часот на Македонската радио-телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top