Чадиев истакна дека со ова се заокружува целосната сертификација на општината, со претходно добиените сертификати ИСО 9001 и ИСО 27000, а се испраќа и една позитивна порака дека општина Велес е отворена и ги нуди своите услуги за странските инвеститори.
– Пред потенцијалните домашни и странски инвеститори ќе извршиме силна промоција и ќе докажеме дека сме стабилна општина, со една единствена цел да дојдат и да инвестираат во нашиот град – потенцираше Чадиев.
Сертификатот што го доби општина Велес, а кој свечено ќе ѝ биде доделен в петок во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, е во состав на проектот кој е почнат во 2012 година, а Велес и Струмица се единствените општини што добиле позитивни извештаи.
Главната цел е да се развие регионалната соработка за да се подобри ефикасноста на општините во растечката меѓународна конкуренција во економскиот сектор.
На средбата присуствуваше и претставник од бизнис-заедницата во Велес, Сашко Крстевски.
– Имаме позитивна бизнис-клима за инвеститорите, нови индустриски зони целосно функционални, а задоволни сме и од соработката со раководителите затоа што добиваме дозволи за брзо време и нема застој – истакна Крстевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.