| четврток, 6 декември 2018 |

Научете ги 5 навики на луѓето кои добиваат сè што ќе посакаат

Тие не се служат со посебни трикови, туку само ги совладале успешно техниките на комуникација.

За што станува збор?

Тие се многу конкретни

Тие не се плашат да бидат директни кога нешто сакаат и тоа го прават на одличен начин. За ова е потребно самодоверба, но  кога ќе почнете да се обидувате, тоа полека ќе ви стане навика.

Внимателно  ги избираат зборовите

Избирањето на зборовите е многу важна техника во секојдневната комуникација, но тоа може да се забележи во различни аспекти на живеењето. Тоа особено е важно кога сакате другите да го прифатат вашиот предлог, но би требало да ги избегнувате работите кои можат да звучат навредливо.

Активно ги слушаат другите

Можеби ќе кажете дека сите слушаме, но дали е навистина така? Најголем дел од луѓето само го чекаат својот ред за да кажат нешто. Тоа испраќа лоша порака до другата страна, а неслушањето може да предизвика испуштање на некоја важна информација.

Бараат помош

Понекогаш не е тешко да се побара помош. Тоа не значи слабост, туку само ве прави човек. А, само мала помош може да донесе до целта.

Односите со другите луѓе им се приоритет

Изолацијата од другите луѓе не може да ви помогне да исполните некоја идеја или цел. Тоа значи дека треба да умеете да се прилагодите, но и да посветите внимание на унапредување на односите со другите луѓе. Наједноставниот начин за да го постигнете тоа е поставувањето прашања и покажувањето интерес за другите луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top