| четврток, 6 декември 2018 |

„За Заедничка Македонија“ 73 ден: Отфрлање на тиранската платформа и зачувување на унитарноста на државата (Галерија)

Поддржувачи на граѓанската иницијатива „За Заедничка Македонија“ вечерва на 73. протестен марш низ центарот на Скопје повторно побараа отфрлање на т.н тиранска платформа и порачаа дека нема да запират нивните активности за одбрана на унитарноста на државата.

Повторија дека за нив со изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието е направено прекршување на Уставот, законите и собранискиот деловник. Тоа сметаат треба да биде осудено од сите, исто како и пеењето на албанската химна во законодавниот дом како најголема провокација за Македонците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top