| четврток, 6 декември 2018 |

Охриѓани: Џафери е изгласан спротивно на уставните, законските процедури и деловникот

Граѓани на Охрид и денеска во рамки на иницијативата „За заедничка Македонија“ протестираа против тиранската платформа и илегалниот избор на претседател на Собранието на Република Македонија.

– Ние не отстапуваме од нашите барања – укинување од тиранската платформа, како и изразувањето револт поради илегалниот избор на т.н. претседател на Собранието Талат Џафери. Тој воопшто не е претседател на Собранието затоа што е изгласан спротивно на уставните, законските процедури и деловникот, порача во име на учесниците Јован Чорбески.

Собирот почна на плоштадот кај охридската гимназија, а продолжи со марш низ улиците на централното градско подрачје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top