| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадарчани порачуваат: Да застанеме сите сложно зад нашиот еден и единствен интерес-Македонија

Протестен марш и вечерва се реализираше во Кавадарци од страна на приврзаниците на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, која се залага за неприфаќање на т.н Тиранска платформа“ и зачувување на унитарноста на државата.

Пред присутните говореше Гоце Ефремовски, претседател на граѓанското здружение „Древни Македонци” од Кавадарци, кој повика на обединување. Рече дека во политиката и секојдневието имало и ќе има бракови од интерес. Но, додаде, народот е последниот бедем што природно е повикан да ги исправа политичките грешки и одлуки за погубен брак.

-Да застанеме сите сложно зад нашиот еден и единствен интерес-Македонија, повика Ефремовски, нагласувајќи дека е ова битка за опстојување и за зачувување на ова мало парче земја, наречено Македонија.

Ги осуди постапките на сите оние кои, како што рече, одработуваат туѓи платформи и интереси. – Сите заедно да си го зачуваме ова преостанато вековно огниште! И во мир и спокој да ги положиме нашите коски!, рече Ефтимовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top