| четврток, 6 декември 2018 |

Гарсоњери во Грција може да се најдат и за само 6.000 евра

Гарсоњери во Грција може да се најдат и за само 6.000 евра, „благодарејќи“ на економската криза во оваа земја и падот на цената на недвижностите. Меѓутоа, пред да се залетате, запознајте се со сите трошоци кои ве очекуваат.

1. Патни трошоци
Македонските државјани кои се одлучиле овој пад на цената да го искористат за долгите сончеви топли лета во Грција, прво мора да сметаат за патните трошоци до оваа земја.

2. Провизија до 10 проценти
Потоа следи провизија за агенција, која се движи и до 10 отсто, со тоа што најмала провизија е 1.000 евра, па во случај за гарсоњера од 6.000 евра излегува дека плаќате провизија нешто помалку од 20 проценти од цената на недвижноста.

3. Данок за пренос на апсолутни права.
Тука е и данокот за пренос на апсолутните права кои изнесуваат три отсто, потоа улугата на нотарот и внесување на недвижноста што вкупно изнесува околу 3,5 проценти од нејзината цена.

4. Aдвокат преведувач, книговодител…
Tука е и проверката на недвижноста и различни услуги кои адвокатот ги извршува, како што е отворање на даночен број кој чини меѓу 300 и 500 eвра. Затоа се тука и услугите преведувач, книговодител…

5. Пренос на стуја и вода
Преносот на струја грубо изнесува околу 10 отсто од вредноста на недвижноста; некогаш се смета катастарската вредност, а некогаш куповната вредност.

6. Данок на имот
Годишниот данок на имот изнесува помеѓу 3-4 евра по квадратен метар.
Во случај во Грција да минуваат шест месеци годишно, тогаш годишните трошоци се движат од 800 до 1.000 евра. Тука спаѓаат цената на струја, вода, заеднички трошоци за зграда, данок на имот и евентуално интернет и телефон или одржување на базенот доколку го поседува зградата.

Најевтин е центарот на Солун

Според информациите најевтин е Солун и воопшто градовите кои немаат плажи. Како се движите од Солун до Халкидики, така и цената на недвижностите расте.

На пример во Касандра, првиот крак е многу пристапен со многу поволни цени на станови. Ситонија како втор крак е многу скапа, а тука во понудата се луксузни станови и вили. На третиот крак, „Атос“ цените се толку виоски што практично нема недижности во понудата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top