| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН Македонија го отвори првиот Изложбен центар за електрична енергија во Македонија

centar

Македонија доби Изложбен центар за електрична енергија, прв од ваков вид во земјата и регионот. Сместен во автентичниот и оригинален простор на старата Хидроцентрала Матка, Изложбениот центар  „Матка“  ја раскажува историјата на електричната енергија во Македонија, како и промените што настанале со електрификацијата. Истовремено преку иновативен мултимедијален пристап, експонатите во Изложбениот центар „Матка“ нудат уникатна можност за едукација и интеракција.

centar5

Покрај експонатите со историска содржина, во Изложбениот центар „Матка“ поставени се и експонати за различните типови на производство на електрична енергија, приказ на ресурси, а интерактивните плазма панели и плазма топката, како и Ван де Графт Генераторот нудат допир со електицитетот.

centar2

-Електричната енергија е вистински феномен и еден од најзначајните пронајдоци на човештвото. Тргнувајќи оттаму, кај нас се роди идеја да создадеме место каде што сегашните, а особено идните поколенија ќе можат да се едуцираат и да ги надополнуваат своите знаења. Токму затоа, како општествено одговорна компанија, Изложбениот центар „Матка“ го ставаме на располагање на сите образовни институции во Македонија без надомест и се надеваме дека содржините што ги има тука ќе бидат дел од образовната програма. Наша цел е Изложбениот центар „Матка“ да биде место кое ќе ги охрабри и поттикне младите да сонуваат за иновации и прогрес – истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

centar3

На свеченото отворање на Изложбениот центар „Матка“ присуствуваа претствници на Универзитетите во Македонија, средните и основните училишта, како и претставници од Бирото за развој на образованието. Присутните претставници на образовните институции ја потпишаа иницијативата за користење на Изложбениот центар „Матка“ во едукативни цели, во насока на унапредување на образовниот процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top