| четврток, 6 декември 2018 |

Тајфата на Села на средба и со Харадинај (фото)

naslovnaaaa

Тајфата на пратеникот во македонското Собрание, Зијадин Села, претходно беше тајфа на поранешниот лидер на ОВК, Рамуш Харадинај. Откако Харадинај беше ослободен од францускиот суд во Коламру, по одбивањето на барањето на Србија за негова екстрадиција, познатите косовски криминалци, браќа Геци, беа на средба со него.

geci haradinaj (2)

На 2 мај браќата кои се бивши припадници на УЧК и извршители на повеќе убиства, браќа на озогласениот косовски криминалец кој се бара со меѓународна потерница, Гани Геци, за извршување на повеќе убиства и други тешки кривични дела, се фотографираа во друштво на Харадинај.

Српското обвинителство го товари Харадинај за воени злосторства на Косово и Метохија кон крајот на 90-тите години од минатиот век.

Косовски криминалци во придружба на Мухамед Зекири на посета кај Зијадин Села (фото)

На собирот по повод враќањето дома на Села и на собирот по ослободувањето на поранешниот лидер на ОВК присуствуваше и Рефик Черими, советник на Оливер Спасовски, генерален секретар на СДС. Меѓу гостите на Села беше и Мухамед Зекири, пратеникот од редовите на СДС.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top