Брзината со која мирните протести во паркот Геза во Истанбул – кога граѓаните сакаа да го заштитат и она малку зеленило во европскиот дел на градот – прераснаа во насилни судири со полицијата го привлече вниманието на целата светска јавност, па јавните личности, како Mадона, Тилда Свинтон, Брус Вилис и многу други им дадоа поддршка на турските граѓани.
Собирите за поддршка се одржуваат во големите градови низ светот: Копенхаген, Лондон, Лос Анџелес, Венеција, а поддршка пристигнува и преку социјалните мрежи „Твитер“ и „Фејсбук“.
Актерката Тилда Свинтон објави своја фотографија на „Твитер“ со порака: „Драги граѓани низ светот, полицијата во моментов врши насилство над граѓаните на Истанбул“.
Мадона на јавноста ѝ се обрати преку „Инстаграм“, каде што ја остави следнава порака: „Запрете го насилството во Турција. Придвижете ја љубовната револуција! Толеранција=човечко достоинство и почитување“.
Брус Вилис на „Твитер“ напиша: „Јавете им на сите… Медиумите во Турција не ја работат својата работа. Дали луѓето умираат на улица?
Турција страда!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.